Премиерот на Италија, Џузепе Конте најавува дека спортистите што се занимаваат со индивидуални спортови можат да се вратат на тренинзи на 4 мај, а професионалните спортски тимови можат да продолжат со тренинзите на 18 мај.
Овој потег значи дека фудбалската лига во Серија А би можела да биде продолжена во јуни.
Серија А е суспендирана од 9 март, кога владата нареди затворање низ целата земја.
Остануваат уште 12 кола, плус четири натпревари одложени од 25 коло. Купот на Италија беше суспендиран по првиот натпревар од полуфиналето.