петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија преку продолженија до четвртфинале на ЕП

Италија преку продолженија до четвртфинале на ЕП

Италија потешко од очекуваното по продолженија славеше над Австрија со 2-1 во осминафиналето од Европското првенство.

Италијанците беа подобар противник во првиот дел, но не успеаја да ја материјализираат подобрата игра. Најблиску до гол беше Чиро Имобиле кој ја погоди пречката.

Во вториот дел Австријците заиграа далеку подобро. Марко Арнаутовиќ во 65. минута успеа да го матира Џанлуиџи Донарума, но по консултација со ВАР главниот судија Ентони Тејлор поради офсајд го поништи голот.

Киеза во 84. минута влезе на местото на Доменико Берарди, а само десет минути подоцна успеа да донесе водство од 1-0 за Италија. На 2-0 зголеми Песина во 105 минута. До крајот Австријците успеаја само да го ублажат поразот со голот на Саша Калајџиќ во 114. минута.

Италија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечot меѓу Португалија и Белгија.