четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италијанците тврдат: Погба има нов клуб

Италијанците тврдат: Погба има нов клуб

Пол Погба се враќа во Јувентус, тврди „Газета дело Спорт“.

Навивачите посакуваа францускиот репрезентативец да се врати, па вршеа притисок врз управата на клубот која барала начин како тоа да го изведе.

Италијанскиот весник пишува дека Погба ќе добие годишна плата од 10 милиони евра годишно и тригодишен договор. Во договорот ќе има и ставка за бонуси што значи и дополнителна заработка.

Погба наводно одбил да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Играчот за врска од јули е слободен, па за неговото враќање во Јувентус нема да мора клубот да плати оштета.