петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Избистрен патот до големиот трофеј: Познати сите осминафинални двојки

Избистрен патот до големиот трофеј: Познати сите осминафинални двојки

Со победата на Белгија со 1:0 над Англија заврши групната фаза на Светското првенство. Белгија стигна до победа со евроголот на Аднан Јанузај.

Со оваа победа заврши на првата позиција на табелата со максимални девет бодови, па во осминафиналето ќе игра со Јапонија, додека Англија вкрстува со Колумбија.

Во осминафиналето сите натпревари се секако интересни, бидејќи еден блесок на еден играч може да го одлучи натпреварот без разлика на тоа кој е фаворит.

Инаку, утрешниот ден е слободен на Светското првенство, а осминафиналните акции продолжуваат од сабота

Сите осминафинални двојки:

Франција- Аргентина

Уругвај- Португалија

Шпанија- Русија

Хрватска- Данска

Бразил- Мексико

Шведска- Швајцарија

Белгија- Јапонија

Колумбија- Англија