Драгиша Гудељ, братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој изгуби свест поради срцев удар минатата сабота на натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Фенарол, наскоро би можел да се врати на теренот.
Пред тоа ќе мора да ќе биде подложен на операција, ќе му биде вграден кардиовертер дефибрилатор, објави неговиот клуб на својот официјален профил на Инстаграм.
Од Кордоба на официјалниот Инстаграм профил напишаа дека Драгиша сака повторно да игра.
-На Гудељ наскоро ќе му биде вграден апарат ICD (имплантен кардиовертер дефибрилатор) и би можел да продолжи да го демонстрира својот голем талент и на тој начин да придонесе за одбраната на тимот.
Лекарските прегледи потврдиле дека Србинот имал вентрикуларна тахикардија, која предизвикала срцев удар, а со тоа и ненадејна смрт. Со брзата интервенција на лекарските служби неговиот живот е спасен.
Намерата на дефанзивецот на Кордоба е повторно да игра фудбал по примерот на играчи како Кристијан Ериксен. На данскиот играч му се случи истото на натпреварот за ЕП 2020 и успеа да се врати да се натпреварува на највисоко ниво. Тој игра за Манчестер Јунајтед.
Уште еднаш, клубот сака да ја изрази нашата благодарност за апсолутната грижа и се што направија за нашиот играч во болницата „Реина Софија“ – напишаа тие.
View this post on Instagram