Јоаким Лев, селекторот на Германија, се најде на голем удар по поразот од Македонија (1-2) во квалификациите за Светското првенство (СП) кое се игра во 2022 година и изјави дека нашиот тим бил одличо поставен на денешниот меч
„Не игравме убаво, мислам дека тоа се виде денеска. Ова не беше добар ден за нас. Немавме брзина во топката. Додавањето беше катастрофално. Македонија одигра баш добар натпревар, беше добро поставена во одбраната и чекаше контра. Не можевме да ги стопираме кога ќе тргнеа во контранапад. Имавме многу шанси, ама не можевме да дадеме гол. Мора да разговараме по мечот со сите, мора да вложуваме повеќе енергија на теренот. Не знам што се случуваше со нашиот напад. Во клубовите играчите играат подобро, отколку за Германија. Тимо Вернер промаши голема шанса, ама тоа е фудбалот. Денес немаше добар меч“, изјави Лев.
За Германија ова беше прв пораз во квалификациите, по две победи во низа.