понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед објави најнови информации за Фергусон по операцијата

Легендарниот Сер Алекс Фергусон доживеал мозочен удар поради што итно бил опериран.
Јунајтед објави најнови информации за Фергусон по операцијата

Фудбалскиот свет остана во шок по веста дека Фергусон е во тешка состојба и се бори за својот живот откако имал мозочен удар.

Познатиот тренер итно бил опериран, а неговиот клуб Манчестер Јунајтед објави најнови информации за неговата моментална состојба.

-Алекс Фергусон имаше операција поради крварење во мозокот. Постапката помина успешно, но потребен му е период на интензивна нега за да може побрзо да заздрави. Неговот семејство бара приватност во овие моменти. Сите од Манчестер Јунајтед му праќаат најдобри желби, се вели во објавата на официјалниот Твитер профил на Манчестер Јунајтед.