вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунакот на Данска Долберг: Оваа е лудо чувство, немам зборови

Јунакот на Данска Долберг: Оваа е лудо чувство, немам зборови

Јунакот на данската репрезентација во победата над Велс со 4-0, Јаспер Долберг, изјави дека останал без зборови по убедливата победа која на Данците им го донесе четвртфиналето на Европското првенство. Долберг заслужено беше прогласен за играч на натпреварот од страна на УЕФА.

„Ова е целосно лудо чувство. Всушност, не знам како се чувствувам. Ова е надреално, немам зборови. Ова е нешто за што сонувате, нешто што го чекав толку долго, особено затоа што бев резервна опција во претходните игри. Некако почувствував дека ова ќе биде мој ден. Дури и додека шетавме низ градот и кога доаѓавме на стадионот, чувствував дека ова ќе биде посебна вечер за мене“, изјави Долберг.