јувентус ќе бара фудбалер на позиција лев бек, каде Алекс Сандро често е повреден, а и не блеска во однос на формата, па затоа Јувентус во јануари ќе се обиде да го ангажира Жорди Алба.
33-годишниот фудбалер на Барселона требаше да го напушти каталонскиот клуб уште во летниот преоден рок, но на крајот остана на „Камп Ноу“, а јасно е дека Чави не би имал ништо против да се ослободи од ветеранот.
За Барса е доволно да се ослободи од платата на Алба, додека подоцна може да се разговара и за откупување на договорот кој трае до 2024 година.