среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каиседо го оствари сонот,Челзи плати рекордни 133 милиони евра за Еквадорецот

Каиседо го оствари сонот,Челзи плати рекордни 133 милиони евра за Еквадорецот

Челзи по неколку месеци наддавање конечно се согласи да му плати на Брајтон околу 133 милиони евра за слободата на Мојсес Каиседо, кој потпиша осумгодишен договор со сините од Лондон, со можност за продолжување на уште една сезона.

Момчето кој како најмал од десетте браќа и сестри сонувал дека еден ден ќе го издржува семејството од фудбалот, конечно ќе го исполни тој сон. Како момче, тој мораше да позајмува патики за да постигнува голови на правлив терен каде што со стативите играа два камења. Сега ќе може на целото семејство да му обезбеди се што ќе посака.

Тој беше откриен од локалниот тренер Иван Гуера, го однесе низ разни клубови пред да има проба што ја организираше еден од неговите браќа во Идепедиенте Дела Вале, клуб во предградијата на Кито, главниот град на Еквадор. Индепедиенте од трансферот на Каиседо ќе заработи рекордни 27 милиони евра, откако при продажбата во Брајтон (пет милиони) вметнаа клаузула дека од следниот трансфер на Мојсес ќе добијат 20 отсто од вкупната бројка на следниот трансфер.

Сепак, ниту почетокот на европската авантура на Каиседо не беше како сон. Првите неколку месеци играше за У20 тимот на Брајтон, пред да се пресели на позајмица во Бершот на последниот ден од летниот преоден рок во 2021 година.

Иако клубот испадна од елитните редови на Белгија, Каиседо покажа знаци дека е сериозен играч. Тоа го потврди со враќањето во Брајтон каде доби посериозна минутажа. Челзи имаше намера да го доведе во зима, но Брајтон упорно ги одбиваше понудите додека не ја добијат сумата што ја посакуваат. Иако во еден момент Ливерпул се вклучи во целата приказна, Каиседо беше експлицитен и го сакаше само Челзи. Желбата му се исполни, сега останува да го продолжи метеорскиот подем и да оправда уште една баснословна цифра платена од касата на „Стемфорд Бриџ“.