Фотографијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо според многумина, веројатно е најголемата фудбалска фотографија овој век, а компанијата Луј Витон, објави видео од тоа како настанала фотографијата.
Роналдо и Меси се заиграа шах на вирална фотографија во склоп на реклама за компанијата Луј Витон, бренд кој е застапен во светски рамки.
На фотографијата е претставено размислување на двете фудбалски икони за тоа кој потег да го влечат следно, а шаховската табла е во логото на споменатата компанија.
Главното мото на оваа реклама од Луј Витон е „Победата е состојба на умот!“.
Фотографијата е објавена ден пред почетокот на СП во Катар, а веќе руши рекорди и најверојатно тоа ќе биде најлајкуваната фотографија овој век.
Ден потоа, Луј Витон објави видео во кое може да се види како била направена фотографијата и што се случувало зад камерите.