Вчерашниот беше одличен фудбалски ден за македонските репрезентативци Енис Барди и Горан Пандев, кои на своите тимови им донесоа големи победи во домашните првенства.
Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев го постигна можеби најдобриот гол во својата кариера. Популарниот Гоче во кариерата има дадено голем број атрактивни голови, од кои можеби најмногу досега можеби најмногу се истакнуваше оној со Јувентус, кога цела дефанзива на најголемиот италијански клуб беше помината и Пандев ефектно го совлада Буфон.
Одличниот ден за македонските фудбалски репрезентативци вчера го надополни и Енис Барди, кој со два гола од слободни удари за само две минути му донесе пресврт на својот Леванте, кој на крајот победи со 1:3 на тешкото гостување кај Атлетик во Билбао.