среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каква бомба: Левандовски сака да оди во Барса!

Каква бомба: Левандовски сака да оди во Барса!

Роберт Левандовски летово најверојатно ќе ја промени средината. Неговиот договор со Баерн истекува ова лето, а бидејќи преговорите за негово продолжување не се започнати, се поизвесно е дека тој ќе ја промени средината по осум години минати во Минхен.

Како што ексклузивно објави каталонски спорт, Левандовски е расположен да ја засили Барселона на лето и да дојде на „Камп Ноу“ како слободен играч.

Се наведува дека Барса му понудила четиригодишен договор, како и дека неговиот менаџер Пини Захави има добри односи со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте.

На Барса и е неопходна голема ѕвезда и играч од светска класа, бидејќи Левандовски порасна во последните години со монструозни бројки во Баерн. Со години беше најефикасниот стрелец во Бундеслигата, но и во Европа, а годинава според многумина незаслужено заврши зад Лионел Меси во изборот за Златната топка.