Камерун се надева на позитивен резултат на дуелот со Србија на отворањето на новиот натпреварувачки ден на СП во Катар, но нема да смета на својот прв голман, Андре Онана.
Објавувањето на составите донесе изненадувачка информација дека членот на Интер нема да биде на голот и ќе биде заменет од Девис Епаси.
Француски „РМЦ Спорт“ прв ја објави шпекулацијата дека Онана добил казна од селекторот, а тоа беше потврдено и со составите, а засега единствената информација е дека се работи за дисциплинска казна.
Не е јасно што направил Онана за да добие ваква санкција, па останува тоа дополнително да биде објаснето од селекторот Ригоберт Сонг.
Натпреварот Камерун-Србија започнува од 11 часот.