сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Канадскиот селектор призна за пцовката кон Хрватите

Канадскиот селектор призна за пцовката кон Хрватите
Canada's head coach John Herdman gives instructions during the World Cup group F soccer match between Belgium and Canada, at the Ahmad Bin Ali Stadium in Doha, Qatar, Wednesday, Nov. 23, 2022. (AP Photo/Martin Meissner)

Фудбалската репрезентација на Канада по долго време се најде на Мундијалот, а во првото коло загуби од Белгија со 1:0. По натпреварот, пак, вниманието на светската фудбалска јавност беше насочено кон она што наводно им го рекол на своите играчи селекторот на канадската репрезентација Џон Хердман.

Тој изјави дека ќе ги „е*ат“ Хрватите во второто коло од групата Ф.

Секако, тоа предизвика многу врева, а Хердман ги потврди овие зборови.

„Одлично прашање. Да, го кажав тоа. Кажувате такви работи во моменти на страст за да го инспирирате вашиот тим. Кога ме прашаа што сум кажал во кругот меѓу играчите, јас одговорив искрено“, рече Хердман. Потоа и појасни:

„Немаше тука недостаток на почит кон хрватскиот народ и хрватската репрезентација. Добро разбирам каде сме. Ние сме на светската сцена, но го достигнавме највисокото ниво и се обидувам да ги убедам играчите да бидат бестрашни, да покажат се што знаат“, изјави канадскиот селектор.