среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Канте поради повреда во аут неколку седмици

Канте поради повреда во аут неколку седмици

Францускиот репрезентативец и член на Челзи, Н’Голо Канте ќе отсуствува од терените неколку недели поради повреда на бутот, соопшти денеска менаџерот на „сините“ Томас Тухел.

За Канте тоа е доста сериозно, зборуваме за повеќе недели отсуство, што не е добра вест“, изјави Тухел.

Канте се повреди на минатонеделниот натпревар од англиската Премиер лига против Тотенхем (2-2). За Челзи одигра 185 натпревари и постигна единаесет гола во сите натпреварувања. Во националниот тим забележа 53 настапи и постигна два гола, а со француската репрезентација во Русија ја освои титулата на Светското првенство во 2018 година.