недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Дортмунд се повреди пред СП во Катар

Капитенот на Дортмунд се повреди пред СП во Катар

Борусија Дортмунд победи против Шалке во дербито на Рур. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јусуф Мукоко во 79. минута на асистенција на Мариус Волф.

Победата на „милионерите“, остана во сенка на повредата со која се здоби капитенот Марко Ројс. Тој во 29.минута на носилки беше изнесен од теренот.

Клубот не се огласи за да открие каков е степенот на повредата, но на прв поглед таа изглед сериозно. Некои германски медиуми шпекулираат дека за него оваа сезона е завршена. Сето ова се случува на два месеци до почетокот на Светското првенство.