вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Тотенхем се враќа во Франција

Капитенот на Тотенхем се враќа во Франција

Капитенот на Тотенхем, Хуго Лорис изјави дека дојде време да го напушти клубот и да стави крај на својата кариера во тимот од северен Лондон.

Францускиот репрезентативец веќе има 36 години и се чини дека летово ќе си замине од клубот во кој помина девет сезони од својата кариера.

„Мислам дека дојде време за разделба со Тотенхем. Стигнавме до еден важен момент, а тоа е крај на една прекрасна епоха. Имам желба да продолжам и ќе ги разгледам сите понуди што ќе стигнат на моја адреса. Заедно со мојот агент ќе решиме што е најдобро за мојата иднина, но не ја исклучувам можноста за враќање во Ница.Имам уште една година од договорот со Тотенхем, но можно е и да не го одработам до крај. Сепак, ова е фудбал и може да се случат многу непредвидени работи. Ќе видиме што ќе донесе летниот преоден рок“, заклучил Лорис.