петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Карагер: Конте сака да биде отпуштен од Тотенхем

Карагер: Конте сака да биде отпуштен од Тотенхем

Тотенхем испушти победа на вчерашниот меч против Саутемптон, а тоа донесе многу нервоза, бес кај тренерот Антонио Конте кој едноставно распали по играчите.

Италијанецот беше многу директен, конкретен и останува да се види како тимот ќе продолжи по овие негови зборови, дали ќе има реакција, но можеби и контра реакција кај играчите.

Има такви кои сметаат дека Конте со ова само се обидува да го забрза заминувањето од таборот на „петлите“, а еден од нив е Џејми Карагер.

-Конте сака да биде отпуштен во оваа репрезентативна пауза. Спарс треба да му ги скратат маките и тоа вечерва, -порача Карагер.