понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Карим Бензема ќе игра против Ливерпул во ЛШ

Карим Бензема ќе игра против Ливерпул во ЛШ

Францускиот фудбалер Карим Бензема ќе може да игра за Реал (М) во среда на дуелот со Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Според новинарот на „Атлетик“, Марио Кортегана, Французинот тренирал со соиграчите и ќе биде достапен за да биде вклучен во списокот на Анчелоти за мечот в среда.

Истото важи и за дефанзивецот Ферланд Менди, кој беше надвор од терените месец и половина.

Дефанзивецот Давид Алаба, напротив, нема да може да игра во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, иако се чувствува подобро.