среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Карим Бензема останува во Реал Мадрид до 2023 година

Карим Бензема останува во Реал Мадрид до 2023 година

Францускиот фудбалер Карим Бензема потпиша нова соработка со мадридскиот гигант, која сега ќе има важност до 30 јуни 2023 година.

Реал Мадрид сериозно смета на услугите на 33-годишниот Бензема, а доказ за тоа е клаузулата која што е вметната во овој договор – секој клуб што го сака Бензема, ќе може само да го има за една милијарда евра.

Претходно, Реал Мадрид потпиша нови договори со уште пет играчи. Соработката е продолжена со Лука Модриќ Лукас Васкез, Начо Фернандез, Дани Карвахал и Тибо Куртоа.