Повредата на Тибо Куртоа не можеше да се предвиди во ниту најцрните сценарија пред стартот на сезоната во шпанската Ла Лига, а самото тоа експресно отвори многу работа за стручниот штаб и претседателот Флорентино Перез.
Според сите прогнози, Арда Ѓулер требаше да биде последно летно засилување за „кралскиот клуб“, но сега ваквата ситуација се менува и јасно е дека Перез ќе мора да ангажира нов голман.
Карло Анчелоти не му верува на резервниот голман Лунин со кого ќе ја почне сезоната, па целта на Реал ќе биде во најбрз можен рок да обезбеди замена за својот прв чувар на мрежата.
Угледните мадридски медиуми „Марка“ и „АС“ експресно информираат дека Дон Карло и стручниот штаб на Реал веќе избрале свој фаворит за замена на Куртоа, бидејќи од неколку имиња на листата, посебно го издволе Јасин Боно.