недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Карло Анчелоти нов тренер на Реал Мадрид

Карло Анчелоти нов тренер на Реал Мадрид

Италијанскиот стратег Карло Анџелоти е новиот тренер на шпански Реал Мадрид. Она што се шпекулираше со денови, сега го доби својот епилог. Карло Анчелоти се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ по шест години и ќе седи на клупата на Кралскиот клуб во следните три сезони

Зинедин Зидан неодамна ги напушти Кралевите со кои освои многу трофеи, а Флорентино Перез многу брзо ја најде неговата замена. Италијанскиот стручњак повторно ќе го води Реал, а сега пристигна и официјалната потврда.

Анчелоти го водеше Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, а во тој период ги освои Купот на кралот, Лигата на шампионите, како и Суперкупот на УЕФА со Кралевите. На 119 натпревари славеше на 89 од нив, додека беше поразен 16 пати, а ремизираше 14 пати