Во пресрет на градското дерби против Атлетико Мадрид, Карло Анчелоти направи големи промени во стартниот состав, а голем дел од клучните играчи останаа на клупата.
Еден играч воопшто го немаше во ростерот. Станува збор за Иско Аларкон, кој според официјалните податоци е отсутен поради болест.
Сепак, шпанските медиуми го тврдат спротивното и велат дека Анчелоти практично ја завршил неговата кариерата во Реал Мадрид.
Пред неколку години кога тренер беше Зинедин Зидан Иско беше еден од главните играчи на тимот, но во последните две сезони бележи огромен пад.
Оваа сезона ќе ја заврши со само 16 настапи и два гола. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и јасно е дека веќе ги пакува куферите за да замине.
Иско во Реал пристигна пред девет години од Малага. Во тој период освои дури 18 трофеи, а впечаток е дека со наведната глава си заминува од Сантијаго Бернабеу.