Голманот на Порто Икер Касиљас по завршувањето на сезоната ќе си замине од Португалија, а понуда за негово враќање во шпанската Ла Лига стигна од Бетис.
Сепак, приоритет на шпанскиот голман е трансфер на американскиот континент во МЛС лигата.
Доколку 36-годишниот Касиљас се откаже од своите намери да игра во американската лига, Бетис е подготвен да го донесе во своите редови.
Извршниот директор на Порто, Франциско Франсиско Маркез објави дека поранешниот чувар на Реал Мадрид ќе го напушти тимот на крајот на сезоната, бидејќи клубот планира да ги намали трошоците за плати.