понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Катарците цензурираа, па му се извинија на дански новинар (Видео)

Катарците цензурираа, па му се извинија на дански новинар (Видео)

Катар е соочен со многу предизвици како организатор на Светско фудбалско првенство, а како се ближи почетокот на турнирот се појавуваат и првите проблеми за домаќините.

Малата, но богата азиска земја ќе биде во центарот на вниманието со секој направен потег, а тоа се покажа и во првата проблематична ситуација која донесе негативен фидбек за организаторот.

Дански новинар известуваше од Катар во пресрет на мундијалот, кога на местото пристигнаа неколку лица кои и забранија на екипата да снима, па дури се закануваа дека ќе ја скршат камерата.

Телевизијата „ТВ2“ го објави прилогот кој заврши неславно и тој веднаш се прошири на социјалните мрежи, за новинарот Расмус Тантхолд вечерва да пренесе дека добил официјално извинување од катарските власти и организацискиот одбор на СП.