Фудбалерот Франческо Тоти тврди дека неговата поранешна сопруга, водителката Илари го напуштила нивниот стан со неговите скапоцени часовници Ролекс, пишува британски Тајмс.
-Се што таа мора да направи е да ги врати часовниците и се ќе биде во ред, вели близок извор на Тоти.
Нивните адвокати не сакаа да ја коментираат оваа кавга и како таа ќе се одрази врз нивните три деца.
Тоти наводно по разделбата ја земал нејзината колекција вредни чантички, од кои една е над 4.000 фунти.
Италијанските медиуми претходно пишуваа Тоти ја изневерил Илари со Ноеми Бочи со која е виден во еден ресторан во Торино.
-Не сум единствен, ниту бил што бил неверен, кратко тогаш прокоментира фудбалерот.