Нотингем форест го ангажираше Кејлор Навас кој доаѓа како позајмица од ПСЖ до крајот на сезоната.
Овој 36-годишен голман има огромно искуство на меѓународната сцена, со голем број на титули освоени со Реал Мадрид и ПСЖ.
За првпат во неговата кариера ќе игра во Премиер лигата каде што моментно по 20 кола составот на Стив Купер е на 13 место со 21 бод.
Во последниот ден од зимскиот преоден рок Нотингем форест ги доведе и Џорџо Шелви, досегашниот играч од средниот ред на Њукасл и одбранбениот фудбалер Фелипе кој доаѓа од Атлетико Мадрид.