среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кејн е подготвен да потпише нов договор со Тотенхем

Кејн е подготвен да потпише нов договор со Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да го продолжи договорот со лондонскиот клуб, пренесува новинарот Дејвид Орнштајн.

Актуелниот договор на играчот со Спарс е до 2024 година.

Според Орнштајн, ситуацијата на Англичанецот будно ја следи Баерн Минхен, кој очекува да го купи играчот со попуст во летото 2023 година.

Самиот Кејн би сакал да продолжи да игра во англискиот шампионат, па затоа е подготвен да ги разгледа условите на Тотенхем.

Оваа сезона Кејн постигна 15 голови во Премиер лигата.

Тој е на второто место на листата на најдобри стрелци во Англискиот шампионат. з