Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, сака да ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објави Телеграф. Според соиграчите на 27-годишниот напаѓач во репрезентацијата на Англија, кои беа со него повеќе од еден месец за време на ЕВРО 2020, доколку „спарс“ не го пуштат играчот, тој може да ги бојкотира тренинзите на тимот.
Претходно, новиот тренер на лондонци Нуно Еспирито Санто изјави дека Кејн е потребен на тимот и затоа ќе остане во Тотенхем.
Во јуни беше објавено дека „граѓаните“ работат на трансфер на Кејн во Манчестер сити, а интерес за фудбалерот покажува и Реал Мадрид.
Порталот „transfermarkt.de“ го проценува фудбалерот на 120 милиони евра. Неговиот договор со Тотенхем трае до 30 јуни 2024 година.
Минатата сезона Кејн одигра 49 натпревари, постигна 33 погодоци и забележа 17 асистенции.