Фудбалерот на Англија Хари Кејн беше одличен во нокаут фазата од ЕВРО 2020, но англискиот голгетер во големото финале остана во сенка на Бонучи и Кјелини, кои целосно го затворија.
Тој беше прецизен во пенал-рулетот, но остана со празни раце откако помладите репрезентативни колеги ги промашија последние три удари од белата точка, по што пехарот замина за Италија.
„Не можевме да дадеме ништо повеќе, го оставивме срцето на терен. Пеналите се ризик, нема полошо чувство на светот од тоа да загубиш важен меч во пенал-рулет. Ова беше фантастичен турнир, треба да бидеме горди, да останеме со главите горе. Сигурно ќе боли уште некое време, но да не заборавиме дека Англија играше одлично цело првенство“, изјави Кејн.