Селекцијата на Англија одигра нерешено со Германија во Лигата на нации – 1:1. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен. Стрелец на единствениот гол за Британците беше Хари Кејн, кој реализираше пенал во 88. минута.
За Кејн овој гол беше 50. и сега се искачи на второто место на листата на стрелци во англсикиот национален фудбалски тим.
Боби Чарлтон кој во текот на кариерата има постигнато 49 гола, падна на третото место, а Вејн Руни со 53 погодоци останува најдобар стрелец на сите времиња во Англија.