Летната фудбалска сага околу Хари Кејн конечно заврши откако англискиот репрезентативец утринава одлучил да ја прифати понудата на Баерн Минхен и веќе се подготвува за пат кон Германија, каде што ќе ги изврши лекарските прегледи, по што ќе го потпише договорот.
Тотенхем вчера ја прифати понудата на Баерн Минхен, по што се чекаше конечна одлука од Кејн, кој пак во последен момент се двоумеше дали да се пресели во Бундеслигата иако претходно договори сè со германскиот шампионат.
Утринава тој донесе одлука да ја прифати понудата и по поминувањето на лекарските прегледи, Кејн ќе потпише четиригодишен договор кој ќе му носи 29 милиони евра по сезона, а веќе и го избра бројот на дресот.
Кејн во Баерн одлучи да го носи дресот со бројот девет, на големо задоволство на навивачите на германскиот тим бидејќи сметаат дека конечно го добија вистинскиот наследник на Роберт Левандовски.