сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кепа оди на позајмица во Реал

Кепа оди на позајмица во Реал

Реал на својата официјална веб-страница објави дека голманот на Челзи, Кепа Аризабалага доаѓа во Мадрид како позајмен играч. Голманот потпиша едногодишен договор со „кралскиот клуб“.

Беше објавено дека Реал Мадрид го смета играчот како замена за Белгиецот Тибо Куртоа, кој се здоби со повреда на вкрстените лигаменти на коленото.

Во сезоната 2022/23, Кепа настапи на 39 натпревари за Челзи, прими 45 гола и ја задржа 12 пати мрежата „чиста“.

Трансферот на 28-годишниот фудбалер е 18 милиони евра.