среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Килијан Мбапе го реши Реал Мадрид

ЛШ: Килијан Мбапе го реши Реал Мадрид

Со голот на Килијан Мбапе во 94 минута екипата на ПСЖ успеа да го совлада Реал Мадрид на домашен терен со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Париските „светци“ можеа да славеат и со поголема разлика, но во 61 минута пеналот на Лионел Меси го одбрани Тибо Куртоа.

Меси се обиде подоцна и од слободен удар, топката заврши покрај голот, потоа се обиде Мбапе на 15 минути до крајот на средбата кога топката помина покрај стативата.

Реванш средбата ќе се игра на 9 март на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид.