Манчестер Јунајтед денес загуби на рутински начин од градскиот ривал, а иако поразот беше помалку болен од оној срамниот против Ливерпул, за Рој Кин денешната слика била уште полоша. Легендарниот капитен на Јунајтед го нарече мечот како игра меѓу „мажи и деца“, но во својата остра критика, посочи дека тројца првотимци едноставно не се доволно добри за голем клуб како Манчестер.
” Јас се чувствувам полошо од поразот од Ливерпул. Голот пред крајот на првиот дел практично значеше дека мечот е завршен. Манчестер Сити е поинаков тим од Ливерпул. Тие се среќни со тоа што ќе ја задржат топката и сами си играа со Јунајтед. Беше толку очајно.Огромна разлика во квалитет, во носење одлуки, буквално во се. Сите повозрасни ќе кажат ова беше меч меѓу мажи и деца, но Јунајтед е толку исклучен, ова е неверојатно. Не гледам карактер во овој тим, барам играчи со карактер. МекТоминеј и Фред, што да се каже за нив. Знам дека МекТоминеј го бара својот пат, но овие момци не се доволно добри за Манчестер Јунајтед. Дефанзивно гледано, не бев шокиран кога видов како Баји си дава автогол, тој е непостојан и не е за Јунајтед. Ве молам, Фред игра за Манчестер Јунајтед, Фред! Секој што мисли дека тој е доволно добар за Јунајтед живее во фантазија, – вели Рој Кин без влакна на јазикот.