сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ќе ја плати казната: Боатенг објаснува каде одел кога со автомобил заврши над банкина

Ќе ја плати казната: Боатенг објаснува каде одел кога со автомобил заврши над банкина

Боатенг ги прекрши правилата за карантинот и притоа доживеа собраќајна несреќа на автопатот Минхен – Лајпциг.

Фудбалерот на Минхен кој мина со лесни телесни повреди и покрај тоа што неговиот автомобил заврши врз банкината, тргнал да го види својот син. Тој за овој потег ќе добие парична казна.

„Ја прифаќам секоја казна ако е оправдана. Знам дека беше грешка што не ги известив во клубот дека ќе патувам, но во тој момент мислев на мојот син.

Кога синот ќе го повика својот татко, јасно е дека ќе заминете без разлика на времето. Ја прифаќам оваа казна, сепак се работи за мојот син. Сакам да го видам тој татко кој нема да биде заедно со својот четиригодишен син“, изјави Боатенг.

Казната која Боатенг ќе ја добие ќе биде донирана во хуманитарни цели.