Дефанзивецот на Италија, Џорџо Кјелини, го сподели своето мислење за играта на напаѓачот Хари Кејн пред финалето на Евро 2020 против Англија.
– Ќе биде тешко, неверојатно тешко. Отсекогаш ми се допаѓала неговата игра. Се сеќавам на еден од неговите први натпревари во 2015 година за Англија – тогаш игравме во Торино. Дури и тогаш, тој ме импресионираше. Имав можност да играм против него на натпреварот против Тотенхем. Тој знае како да дејствува од длабочина, да испорачува топки, да продира. Постигнува голови со глава, со удари од далечина, неверојатен е, изјави Кјелини.
Финалето на ЕВРО 2020 ќе се игра утре во Лондон на „Вембли“ со почеток во 21 часот.