Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го сподели своето мислење за работата на колегата од Арсенал, Микел Артета.
– Артета гради неколку години, а резултатот е импресивен. Тоа е мешавина од навистина добар фудбал и екстремни емоции. Знам дека тренерите бараат трпение, но навистина мислам дека Микел ја заслужи секоја минута што ја имаше со тимот, дури и кога работите не одеа добро. Тимот е многу добро поставен, плус добри трансфери, многу стабилен тим. Сега тие ги собираат плодовите од таквиот пристап, изјави Клоп за британските медиуми.
Арсенал е прв на табелата во Премиер лигата по 29 натпревари со 72 бода.