Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде свое видување за победата над Фулам со 1:0 синоќа во натпревар од 28. коло во Премиер лигата.
-Јас сум многу среќен. Ова е исклучително силен противник. Имам најголема почит за работата на Марко Силва. Нашиот голман Алисон за малку ќе се расплачеше поради „чистата“ мрежа. Ова е прилично ретко за нас оваа сезона! Многу е убаво, особено за него“, изјави менаџерот на Ливерпул, рече Клоп.
-Ја контролиравме играта во значителен дел од првото полувреме, но по паузата играта се отвори. Фулам е многу добар тим, беше тешко до крај. Имаме пет победи во низа. Го сакам тоа. Фулам имаше одлична шанса, можеше да постигне гол. Ние имавме добри моменти во првото полувреме. Видов голема борба, видов став, видов момци кои смело влетаа во борбата. Секако, во такви моменти можевме подобро да ја контролираме ситуацијата, но можеме да се подобриме. Порано игравме многу полошо, додаде германскиот тренер.
Ливерпул е петти на табелата во Премиер лигата со 59 бодови од 34 натпревари.