Ливерпул игра разочарувачки во домашното првенство и веќе заостанува 15 бодови зад лидерот Арсенал, што значи дека по само една третина одиграни мечеви во Премиер лигата, гигантот од „Енфилд роуд“ има многу мали шанси да се бори за титулата.
Токму поради слабите резултати, фокусот на Клоп е да се најде нов квалитетен играч. Според некои медиуми во Англија, Ливерпул планира во зимскиот преоден рок да го доведе Конрад Лимер од Ред Бул Салцбург.
Се работи за играч за врска, кој има договор со Лајпциг до јуни 2023 година, што значи дека германскиот тим ако сака добро да заработи од овој играч, ќе треба да го продаде во јануари.
Освен Ливерпул, за Лимер се интересира и Баерн Минхен.