Фудбалерите на Ливерпул денес го претрпеа и шестиот последователен пораз на домашен терен и тоа од екипата на Фулам која се бори за опстанок во лигата.
По овој најнов неуспех, на Островот веќе се поставува прашањето за останувањето на Јирген Клоп на менаџерското место на „Енфилд“.
Еден од најдобро упатените новинари во случувањата на „Енфилд“, Џејмс Пирс, веднаш по прес-конференцијата на Клоп и Милнер по поразот од Фулам напиша дека нема ништо во гласините дека Клоп наскоро ќе добие отказ.
„Нема сомнение дека сопствениците ќе веднаш ќе застанат зад Клоп. Би било смешно да се смени менаџерот, без оглед што ќе се случи од сега до крајот на сезоната”, смета Пирс.
Тој вели дека Клоп ја има целосната поддршка и без разлика што ќе се случува до крајот на сезоната, неговото место на клупата на Ливерпул е безбедно.