Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази незадоволство од играта на своите избраници во првото полувреме на синоќешниот дуел со Њукасл.
„Црвените“ од Енфилд го победија Њукасл со 2:1 во 5. коло од Премиер лигата со гол постигнат во осмата минута од судиското надополнување. Стрелец на победничкиот гол беше Фабио Карваљо.
– Совршен момент за победа бидејќи тоа беше тежок натпревар. Меѓутоа, ние и пред противникот да дојде во водство изгледавме малку очајно. Моравме да се соземеме, да останеме смирени и да одиме напред. На крајот победивме со еден прекрасен гол. Многу сум среќен поради победата, изјави Клоп.
Ливерпул по двете врзани победи е петти во Премиер лигата со осум бода по пет кола.