среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп ја оправда сумата за Алисон со недостиг на пазарот

Клоп ја оправда сумата за Алисон со недостиг на пазарот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е убеден дека неговиот избор да го привлече Алисон од Рома бил оправдан, независно од рекордната за голман цена – 75 милиони евра.

Во зима, пак, финалистот во Лигата на шампионите направија и од Вирџил ван Дајк најскап дефанзивец, што е во спротивност со мислењето на Германецот пред некое време дека никогаш нема даде толку многу пари за трансфер.

– Сите мислат дека тоа се многу пари. Во право се, тоа се многу пари. Но, сепак, пример клаузулата на Јан Облак е 100 милиони евра, па … многу убаво. И зборуваме за годината во која речиси ништо не се случува во однос на зделки со голмани, објасни Клоп пред „ЕСПН“.

Тој додаде дека дел од неговата работа е да се обиде да ги привлече најдобрите можни играчи.

– Пазарот на играчи за овој пост е различен, бидејќи нема многу опции секоја година, заврши тренерот на „црвените“ на темата.

МИА