Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, изјави денеска дека англискиот вицешампион нема да носи нови фудбалери до крајот на летниот преоден рок, пренесува Скај спорт.
Ливерпул досега ги ангажираше Дарвин Нуњез, Фабио Карваљо и Калвин Ремзи.
– Ќе донесеме нови играчи само доколку некој се повреди, а до крајот на преодниот рок би можело некој фудбалер да го напушти Ливерпул. Навивачите на Ливерпул можат да бидат мирни и да се фокусираат на други работи, рече Клоп.
Ливерпул в сабота ќе игра против шампионот Манчестер сити за трофејот во „Комјунити шилд“, а во првото коло од новата сезона во Премиер лигата ќе му гостува на Фулам на 6 август. (МИА)