четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп нема да биде германски селектор

Клоп нема да биде германски селектор

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да седне на селекторската клупа на Германија, јавија денеска германските медиуми пренесувајќи изјава на менаџерот на 56-годишниот стратег.

Клоп беше меѓу кандидатите за наследник на Ханси Флик, кој беше отпуштен од селекторската должност минатата недела по поразот од Јапонија (1-4) во пријателски натпревар.

„Јирген има долгорочен договор со Ливерпул и не е достапен за позицијата селектор на репрезентацијата“, посочи неговиот менаџер Марк Косицке во изјава за „Спортсхау“.

Германија ќе биде домаќин на Европското првенство идната година.  (МИА)