недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп по поразот на Ливерпул: Тоа е како да зборувам со мојата микробранова печка

Клоп по поразот на Ливерпул: Тоа е како да зборувам со мојата микробранова печка

Ливерпул претрпе пораз пораз Брентфорд од 3-1 во првиот меч во новата календарска година.

„Црвените“ не беа на посакуваното ниво и загубија во Лондон против тимот кој е доста незгоден особено против оние екипи кои се дел од големата шестка во елитната конкуренција. Англискиот вицешампион ќе има доста работи да поправи, но тренерот Јирген Клоп се реши да говори за третиот гол на домаќините кој според него не требал да биде признаен, поточно да него постоело фаул од Мбуемо над Конате.

-Третиот гол не требаше да биде гол, толку е лесно. Ако некогаш сте играле фудбал и сте биле во спринт на нога и добиете мало туркање, паѓате бидејќи не можете да одржувате рамнотежа. Тоа е така и можевте да го видите, -рече Клоп кој потоа директно говореше за официјалните лица.

-Тоа е всушност исто како да борувам со мојата микробранова печка. Навистина не добивате одговор. Секогаш е исто. Пред почетокот на сезоната ни даваат совет дека играчите мора да бидат внимателни во овие моменти бидејќи судиите ќе внимаваат на тоа и ги гледате овие натпревари и речиси се е дозволено. Секогаш е на работ, -порача Германецот.