Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, порача оти неговите фудбалери ги очекува многу работа на утрешното дерби во рамки на 11. Коло во Премиер лигата против актуелниот шампион Манчестер сити, јавија британските медиуми.
-Ние в недела играме против Ерлинг Халанд, најдобриот напаѓач во светот во овој момент. Тоа што мораме да го направиме е тој да прими што помалку топки во нозете. Знаеме дека сето тоа ќе биде многу тешко, бидејќи дури и под претпоставка да го спречиме него, што е со другите врвни играчи? Како нив да ги спречиме? Ќе имаме многу работа, изјави Клоп.
Халанд во својата дебитантска сезона во Премиер лигата досега постигна 20 голови на 13 натпревари.
Пред утрешното дерби на „Енфилд роуд“, Манчестер сити е втор на табелата со 23 бодови, додека Ливерпул е на десетто место со десет бодови.