понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Против Лидс го одигравме нашиот најдобар натпревар оваа сезона

Клоп: Против Лидс го одигравме нашиот најдобар натпревар оваа сезона

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп со највисока оценка го оцени изданието на неговиот тим на натпреварот со Лидс од 31. коло на шампионатот на Англија.

„Црвените синоќа победија со убедливи 6:1.

– Ова е нашата најдобра игра во различни критериуми и аспекти. Го натеравме противникот да направи многу грешки. Се бориме за топ 4. Разликата меѓу оваа сезона и онаа во која завршивме како третопласирани е тоа што сега конкурентите се одлепија повеќе. Не знам каде ќе завршиме, но ефектот од последните натпревари ќе се пренесе и во следната сезона, па тие ќе бидат многу важни, изјави Клоп за „Би-би-си“.

Ливерпул ја прекина серијата од четири меча без победа (2 порази, 2 нерешени) и се наоѓа на 8. место во Премиер лигата со 47 бодови. Лидс е на 16. место со 29 бодови.