Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно ги нападна судиите во Англија поради начинот на кој ги водат натпреварите во Премиер лигата.
Германецот по победата над Барнли побара од судиите поголема заштита за играчите, особено окако Мајк Дин не покажа ниту еден жолт картон на противникот кој имаше агресивен пристап на теренот.
-Јасно е дека треба да има борба на тернеот, но ова беше премногу грубо. Не сум сигурен дека фудбалот оди во вистинска насока. Ова мора да се промени. Играчите да добијат поголема заштита. Ако сакаме играта да „тече“ има ситуации кои мора да бидат санкционирани. Како ние да се заштитиме од опасните стартови на Барнли, јас ова не би го дозволувал и не сум сам со ваков став, изјави Клоп.